Русија осуди Хрват на 23 години затвор

Сподели со своите пријатели

Рускиот суд го осуди хрватскиот државјанин Вјекослав Пребег во отсуство на 23 години затвор бидејќи, како што стои во пресудата, се борел како платеник на страната на Украина.

Loading...

Нему му беше судено во отсуство бидејќи како руски воен заробеник бил разменет во септември 2022 година и вратен во Хрватска, пренесува Дневник.хр.

Дезертерот, заедно со Британците Џон Хардинг и Ендрју Хил и Швеѓанецот Матијас Густавсон, беше прогласен за виновен дека бил платеник и „минал низ обука за терористички активности“.

Друг Британец, Дилан Хили, е осуден за „учество во платеничка работа“.

Обвинителството бараше 21 година затвор за Пребег, но судот изрече две години подолга казна, објави Комерсант.

„По завршувањето на потребната обука, тие учествувале во вооружениот конфликт како платеници на страната на украинските вооружени сили на територијата на Доњецката Народна Република“, тврди обвинителството.