Русија одржува воени вежби во близина на границата со Авганистан

Сподели со своите пријатели

Околу 500 припадници на руската моторизирана пешадија учествуваат во воена вежба во планините на Таџикистан, во близина на границата со Авганистан, објави Министерството за одбрана во Москва.

Се наведува дека сите војници се од руската воена база во Таџикистан, пренесува Ројтерс.

Ова се трети руски воени вежби во близина на границата со Авганистан овој месец.

Во септември ќе се одржи вежба во Киргистан, каде што Русија има воздухопловна база.