Русија: Одложени слетувањата и полетувањата на аеродромите Волгоград и Астрахан

Сподели со своите пријатели

Слетувањето и полетувањето на авионите на аеродромите Волгоград и Астрахан во Русија се одложени поради ограничувањата на воздушниот простор во тие области, јавуваат руските агенции.

Loading...

Претходно гувернерот на Волгоградската област Андреј Бочаров објави дека синоќа украински беспилотни летала нападнале складиште за нафта во Калач на Дон и трафостаница во градот Фролово, што предизвикало пожари.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле уништени вкупно 38 украински беспилотни летала над регионите Белгород, Курск, Воронеж, Ростов и Астрахан.