Приходите на рускиот буџет од нафтениот и гасниот сектор во јануари годинава изнесуваат 5,1 милијарди долари, што е за 50,2 отсто помалку во однос на истиот период лани, објави Министерството за финансии.
Во соопштението се наведува дека преполовениот приход главно се должи на падот на цената на нафтата на светскиот пазар, пренесува Тасс.
Акумулирањето на дополнителни приходи од нафта и гас за време на периоди на поволно ценовно опкружување и користењето на средствата од Фондот за национално богатство за покривање на недостигот од тие приходи обезбедуваат имунитет на буџетскиот систем на флуктуации на приходите од нафта и гас, се додава.

