Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 70 украински беспилотни летала над пет руски региони и Црното Море во текот на ноќта, објави руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека беспилотните летала биле соборени помеѓу 22:00 и 6:00 часот по средноевропско време.
Според Министерството, руската противвоздушна одбрана била активирана во Белгородскиот, Курскиот, Ростовскиот и Волгоградскиот регион, како и во Кримскиот и Црноморскиот регион, пренесува Танјуг.
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев, објави дека над тој град биле соборени 16 беспилотни летала, додека гувернерот на Волгоградскиот регион, Андреј Бочаров, истакна дека нападот со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура над таа територија бил одбиен.