Два руски стратешки бомбардери Ту-160 го завршија планираниот лет над неутрални води, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Летот траеше повеќе од 14 часа и се одвиваше над Баренцовото и Норвешкото Море, се наведува во соопштението за медиумите.
За време на летот, екипажите на стратешките бомбардери со долг дострел успешно извршија деноноќни мисии за полнење гориво во воздух“, се вели во соопштението на руското Министерство во кое се наведува дека стратешките бомбардери биле придружувани од ловци МиГ-31, авиони кои се меѓу најбрзите борбени авиони во светот.
Стратешките бомбардери Ту-160 се дизајнирани да уништуваат цели на оддалечени локации. Тоа е најголемиот и најтешкиот тип на суперсоничен борбен авион.