Спроведувањето на „прокси војна“, меѓу другото, испораката на оружје од запад во Украина, нема да ја спречи Русија да ја заврши специјалната операција и да ги реализира зацртаните цели, изјави заменик-претставникот на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.
Русија жестоко им се заканува на Финска и Шведска поради НАТО
„Украина е во војна, тие ја снабдуваат со оружје, всушност долеваат масло на огнот, не дозволувајќи да се изгасне огнот на војната. Тоа е, се разбира, криминална тактика, но мислам дека не треба да не спречи да ја завршиме нашата специјална операција во Украина и да ги реализираме целите поставени пред нас. Нашата борба е фер, ќе победиме“, изјави Пољански за Канал 1.
Русија жестоко им се заканува на Финска и Шведска поради НАТО
Тој објасни дека оваа војна се нарекува „прокси војна“ (војна преку посредници) затоа што еден од учесниците во конфликтот се снабдува со оружје.