Пекар од турскиот град Бурса, Хасан Аџар, чиј бурек во 2012 година влезе во Гинисовата книга на рекорди, изјавил за Спутник дека сака да испрече бурек за рускиот претседател Владимир Путин, а повод за тоа е почетокот на испораката на противвоздушните ракетни системи Ѕ-400 на Турција.
– Сфаќајќи колку е важно за националната безбедност на нашата земја, како и за односите измеѓу Турција и Русија, сакам да дадам свој придонес за развојот на односите меѓу нашите земји. Поради тоа ќе ги вложам сите напори и ќе испечам и испратам денеска во Кремљ, лично на Владимир Путин, наша традиционална пита – бурек, изјавил Аџар.
Тој додал дека питата ќе биде со сирење и спанаќ, а вкупната тежина ќе биде четири килограми.
фото: YoutubePrintscreen/06yabakcom