Русија на работ на граѓанска војна: Вагнер оди кон Москва

Сподели со своите пријатели

Русија е на работ на граѓанска војна поради конфликтот меѓу „Вагнер“ и руските власти.

Loading...

Војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Евгениј Пригожин тргнаа кон Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската војска ги „уништува“ неговите борци.

Пригожин вети дека ќе го запре „злото“ на военото раководство и го најави „маршот на правдата“ на неговите војници.

Москва реагираше со покренување истрага против шефот на групата Вагнер, кој беше обвинет за предизвикување граѓанска војна.

Во меѓувреме, Пригожин објави дека Вагнер ја презел контролата врз градовите Ростов и Воронеж, а Путин во своето обраќање до нацијата рече дека ова е „нож во грб“ и дека одговорот ќе биде жесток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили напредуваат во областа Курск