Русија: Кривична истрага на биолошки лаборатории во Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот Истражен комитет започна кривична истрага за создавање тајни биолошки лаборатории во Украина, со поддршка на САД, изјави претседателот на Комитетот Александар Бастрикин во интервју за ТАСС.

Loading...

„Ја побаравме достапната документација од Министерството за одбрана на Русија и ги утврдуваме околностите за тоа што се случи, во рамките на кривичната постапка што ја поведовме според членот за развој и производство на биолошко оружје за масовни жртви“, рече Бастрикин.

 

Русија размислува да прифати биткоин за извоз на нафта и гас

 

Тој изјави и дека Западот во моментов преку медиумите го негира нивното постоење.

„Сепак, се сеќаваме на изјавите на американските претставници кои го тврдеа спротивното, кога зборуваа за присуство на биолошки капацитети во Украина. Тешко е да се замисли што би можело да се случи доколку овие локации продолжат да работат“, рече рускиот претставник.

 

Loading...

Северна Кореја потврди дека тестирала нов тип на интерконтинентална балистичка ракета (ГАЛЕРИЈА)

 

За време на руската воена операција во Украина, откриени се факти за итно отстранување на – трагите од воено-биолошката програма на Киев, која беше финансирана од Министерството за одбрана на САД, изјави претходно портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ТАСС.