Русија: Кримскиот мост е оштетен од напад на украински дронови

Сподели со своите пријатели

Рускиот национален антитерористички комитет соопшти дека мостот на Крим синоќа во 03:05 часот бил нападнат од два украински дрона, пренесува РИА Новости.

Loading...

„Поради извршениот терористички акт оштетена е патната компонента на мостот на Крим. Во исто време загинаа двајца возрасни лица, а едно дете е повредено, се наведува во соопштението.

Покрената е кривична постапка по членот терористички акт.

Се наведува дека итните служби се на лице место и органите на прогонот ги спроведуваат сите потребни оперативни и истражни дејствија.

Инспекторите ги идентификуваат инволвираните во организацијата на терористичкиот акт од редовите на украинските специјални служби и вооружени формации, соопшти прес-службата на Истражниот комитет.

Патниот сообраќај преку мостот на Крим е во прекин, а железничкиот сообраќај е повторно воспоставен околу 9 часот утринава, јавува Танјуг.