Русија: Ќе разговараме со Украина за прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Прекинот на огнот ќе биде на дневен ред на новите руско-украински разговори во четврток, соопшти Русија, која во исто време продолжува да ги бомбардира украинските градови и за првпат известува за 500 загинати војници од почетокот на инвазијата.

Loading...

Украинските пратеници веќе се на пат кон „преговарачката локација“ во Белорусија за втор круг разговори, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

Разговорите ќе започнат во четврток наутро на место „заедно определено“ од страните, а се наоѓа „недалеку од границата со Полска“, изјави рускиот преговарач Владимир Медински.

„Украинската делегација веќе го напушти Киев. Очекуваме утре изутрина да биде тука“, рече функционерот.

Првите разговори одржани во понеделникот, исто така во Белорусија, не дадоа опипливи резултати.

Киев бараше итен прекин на инвазијата, а Москва се чинеше дека очекува предавање.

Во исто време, Генералното собрание на ОН во средата усвои резолуција со која се повикува „Русија веднаш да престане да користи сила против Украина“: само пет земји беа против, а 35 беа воздржани, вклучително и Кина, од 193-те членки на Кина.

Во текстот, ОН бараат од Москва „веднаш, безусловно и целосно да ги повлече сите свои воени сили“ од Украина и „ја осудува одлуката на Русија да го подигне нивото на подготвеност на нуклеарните сили“.

Loading...