Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска во седиштето на Обединети нации ќе ја претстави вакцината „Спутник V“.
Loading...
Портпаролот на руската мисија во ОН, Фјодор Стржижовски изјави дека презентацијата ќе биде одржана во виртуелен формат.
Претседателот на Русија, Владимир Путин во својот говор во ОН во септември понуди достава на руската вакцина за доброволно вакцинирање на персоналот на ОН.
Вакцината „Спутник V“, што ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“ на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство во Русија и стана прва регистрирана вакцина против новиот коронавирус во светот.
Марина Илиевска