Русија ќе ги прекине Фејсбук и Инстаграм ако дозволат повици за насилство врз Русите

Сподели со своите пријатели

Русија ќе провери дали Фејсбук и Инстаграм дозволиле повици за насилство врз Русите, а доколку тоа е вистина, неопходно е да се прекине нивната работа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е информација која бара навистина, навистина внимателна потврда и анализа. Не сакаме да веруваме во зборот на Ројтерс, бидејќи е многу тешко да се замисли. Нашите релевантни оддели ќе истражат дали е тоа навистина така и се надеваме дека не. Затоа што ако е така, ќе следат најодлучните мерки насочени кон прекинување на работата на таа компанија“, рече Песков.

 

Столтенберг: Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни

 

Со оглед на настаните во Украина, компанијата „Мета“ привремено ја укина забраната за повикување насилство врз руската армија на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, соопшти портпаролот на компанијата, Енди Стоун.

Според Ројтерс, компанијата „Мета“ ќе дозволи и во некои коментари да се повика на смрт на Владимир Путин или Александар Лукашенко, во земји како Русија, Украина и Полска.

 

Овој човек во рускиот напад останал без 11 члена на семејството, преживеале само тој и мачката (ФОТО)

 

Подоцна, претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, му нареди на Комитетот за безбедност и борба против корупцијата на Државната дума да подготви писмо до Генералниот обвинител на Русија и Истражниот комитет со барање за преземање итни мерки против Мета.