Русија ќе достави 27 тони хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Русија наскоро ќе достави 27 тони хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа преку соседен Египет, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации.

Loading...

Газа е под опсада со денови, од почетокот на нападот врз Израел од страна на палестинскиот Хамас, кој е на власт на таа територија.

„Специјалниот авион полета од аеродромот Раменское во близина на Москва до аеродромот Ел Ариш во Египет. Руската хуманитарна помош ќе биде предадена на претставници на египетската Црвена полумесечина за да биде испратена во Појасот Газа“, најави заменик министерот Илја Денисов.

Тој не кажа кога полетал авионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган со премиерот на Либан: Исклучително опасни напори на Израел да ја прошири војната

Тој додаде дека биле испратени брашно, шеќер, ориз и тестенини.

Американскиот претседател Џо Бајден и египетскиот Абдел Фатах ал Сиси синоќа најавија дека меѓународната помош може да почне да пристигнува во Газа, каде, според Светската здравствена организација, се заканува хуманитарна катастрофа.

Бајден, кој вчера беше во посета на Тел Авив, рече дека добил одобрение од египетскиот претседател да дозволи „до 20 камиони“ да преминат во Газа преку преминот Рафах, единствениот на таа палестинска територија што не е контролирана од Израел.

Помошта нема да може да пристигне пред петок поради неопходните работи на патот тешко оштетен од израелските бомбардирања.

Loading...

Русија не соопшти кога нејзината помош ќе пристигне во Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Блискиот Исток е во експлозивна состојба. Ситуацијата ќе излезе од контрола