Русија го предупреди Токио дека ќе преземе одмазднички мерки доколку Јапонија го прошири опсегот на своите заеднички поморски вежби со САД, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Игор Моргулов.
Вежбите во близина на руската граница ги зголемуваат тензиите во регионот и претставуваат закана за безбедноста на Русија, рече Моргулов, пренесува Танјуг.

