Русија ја обвини Америка дека сака да го уништи гасоводот Турски тек

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека планираат да го саботираат гасоводот Турски тек, кој транспортира гас од Русија во Турција и понатаму во Европа.

Loading...

„САД не толерираат конкуренција“

На прес-конференција во Москва, Лавров го обвини официјален Вашингтон дека помага во терористички напади врз енергетската инфраструктура и тврди дека има планови да се таргетира Турскиот тек.

„САД не толерираат конкуренција во ниту една сфера, вклучително и во енергетиката. Тие непромислено поддржуваат терористички активности насочени кон поткопување на енергетската стабилност на Европската унија“, рече Лавров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп сепак нема да му ја предаде Украина на Путин? Сè поголем оптимизам во Европа!

Лавров понатаму рече дека САД ги „охрабруваат“ своите украински сојузници да го „оневозможат Турскиот тек“ по саботажата на Северен тек.

Обвинувањата на Лавров доаѓаат еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека собориле украински беспилотни летала кои се обиделе да нападнат дел од инфраструктурата на гасоводот Турски тек.