Русија започна бран напади со беспилотни летала и ракети врз западна Украина во текот на ноќта, таргетирајќи области далеку од фронтовските линии, објавија украинските медиуми и официјални лица во саботата.
Експлозиите се регистрирани во градовите Лавов, во близина на границата со Полска, Черновци, во близина на границата со Романија, како и во северозападниот град Луцк, објавија медиумите. По нападот, избувна пожар во зграда во Лавов, објави градоначалникот Андриј Садовји.
Украинските воздухопловни сили претходно предупредија за пристигнување на балистички ракети и беспилотни летала лансирани од Русија и насочени кон запад.
Според официјални извори, биле видени беспилотни летала како се приближуваат кон областите Тернопол и Волин.
Сирени за воздушен напад биле активирани во Волиње, а властите ги повикале жителите да останат во засолништа.
За време на нападот, Полска распоредила борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор, објавија полските вооружени сили на платформата X.