Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за жртвите од земјотресот во Турција

Сподели со своите пријатели

Од Русија биле испратени 36 тони хуманитарна помош за помош на настраданите од разорните земјотреси во Турција, јавува Анадолија.

Loading...

Во соопштението за медиумите на Министерството за вонредни ситуации на Русија, беше наведено дека авионот ИЛ-76 полетал за Турција со хуманитарна помош.

Се наведува дека со авион биле пренесени вкупно 36 тони хуманитарна помош.

Се додава дека помошта со печки и повеќе од 100 зимски шатори со капацитет од 30 лица наскоро ќе биде доставена до турскиот град Малатија.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во провинцијата Кахраманмарас на 6 февруари, а бројни спасувачки тимови сѐ уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Повеќе од 31.600 луѓе загинаа во Турција, а повеќе од 80.000 беа повредени.