РУСИЈА ИСПРАЌА ВОЈСКА: Помош за Таџикистан поради заканите од Авганистан

Сподели со своите пријатели

Руските власти денеска објавија дека ќе му помогнат на Таџикистан да се справи со какви било последици од повлекувањето на Американците од Авганистан и дека воениот сојуз на Организацијата за договор за колективна безбедност (ОДБК), предводен од Москва, ќе мора активно да соработува во заштитата на своето јужно крило.

Loading...

Рускиот амбасадор во Таџикистан денеска се состана со работната група на ОДБК испратена да ја следи границата со Авганистан, соопшти руската амбасада во Таџикистан, пренесува Ројтерс.

– Беше повторена подготвеноста на руската страна да ја обезбеди потребната помош на Душанбе во рамките на билатералните стратешки односи, како и потребата од активна политичка воена соработка меѓу земјите-членки на ОДКБ со цел да се обезбеди безбедност на јужните граници на организацијата.

Во средата, Таџикистан побара од шестчлената организација на ОДБК да и помогне на Душанбе да се соочи со заканите од соседен Авганистан, каде безбедносната состојба нагло се влоши, пренесува Ројтерс.

Странските сили се повлекуваат од Авганистан по скоро 20 години борби, а талибанците почнаа да се здобиваат со поголема предност.

Стотици припадници на авганистанските безбедносни сили минатата недела избегаа преку границата кон Таџикистан.

Шефот на државниот комитет за национална безбедност на Киргистан ја опиша ситуацијата на авганистанската граница со Таџикистан и Узбекистан како тешка, наведувајќи дека постои сериозна закана и за Киргистан.

Leave a Reply