Четири транспортери на руската воена авијација се подготвени да полетаат кон аеродромот во Кабул, поради евакуација на руски и други граѓани.
Loading...
Според руските медиуми, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, организирал евакуација на над 500 државјани на Русија, но и државјани на земјите – членки на Организацијата за колективна безбедност (ЦСТО) и државјани на Украина.
Треба да се потсети дека евакуацијата на странски државјани се забрзува откако Талибанците го зазедоа Кабул на 15 август, но и откако Талибанците се заканија дека ќе имаат сериозни последици доколку евакуацијата – која е закажана за 31 август, се продолжи.