Русија има превласт врз воздушниот простор на Украина

Сподели со своите пријатели

Воздухопловните сили на Русија доминираат со воздушниот простор на цела Украина, соопшти Министерството за одбрана на Русија

Денеска е петти ден од започнувањето на руската инвазија.

Се очекува делегациите на Русија и Украина да пристигнат на местото на преговорите во Белорусија, додека борбите продолжуваат.

Во Киев и Харков утрово одекнаа експлозии. На самитот на ЕУ беше одлучено да се издвојат 450 милиони евра за вооружување на Украина, плус 50 милиони за гориво.