Русија им забрани влез на јапонскиот премиер и министрите

Сподели со своите пријатели

Русија денеска го забрани влезот во земјата на премиерот на Јапонија Фуми Кишиди, како и на министрите за надворешни работи, одбрана, финансии и правда.

Loading...

Санкционирани се вкупно 63 јапонски државјани, а списокот е објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

 

Прогноза на американски генерал: На Русија ѝ се заканува државен удар, нема да го поштеди Путин

 

Москва оценува дека администрацијата на Кисида започнала невидена антируска кампања и дека дозволува неприфатлива реторика против Русија, вклучувајќи, како што се наведува, клевети и директни закани.

Јапонија се приклучи на западните санкции против Русија откако таа започна воена интервенција против Украина.