Русија и Северна Кореја разговараа за развој на билатералните односи

Сподели со своите пријатели

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Игор Моргулов се сретна со севернокорејскиот амбасадор во Русија на разговори за развојот на билатералните односи „во контекст на промените што се случуваат на меѓународната сцена“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

 

Пожари избувнаа во близина на Чернобил, се стравува од зголемена радијација

 

Контактот дојде во време кога Русија се соочува со зголемена изолација поради инвазијата на Украина, поради што и беа воведени меѓународни санкции, пренесува Танјуг.

Минатиот месец Северна Кореја ја обвини „хегемонистичката политика“ и самоволието на Америка и Западот за украинската криза.