Русија и Белорусија започнаа заеднички воени вежби

Сподели со своите пријатели

Руската и белоруската армија во четвртокот започнаа заеднички воени вежби во Белорусија, кои треба да траат десет дена, најави Москва, во услови на тензии меѓу Русија и Западот околу Украина.

Loading...

„Целта на вежбите е подготовка за запирање и одбивање на надворешната агресија, како дел од одбранбената акција“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Според него, маневрите се одвиваат на пет воени полигони за обука, четири воздушни бази и „различни места“ во Белорусија, особено во регионот Брест, кој граничи со Украина.

Двете армии не го прецизираа бројот на војниците кои учествуваат во маневрите, но Западот вели дека 30.000 руски војници се распоредени во Белорусија како дел од вежбите.

Овие вежби во Киев и на Запад се доживуваат како начин за притисок врз Москва, која од ноември групира трупи на границата со Украина.

Русија е обвинета дека сака да започне нова воена операција против Киев, што Кремљ го отфрла, тврдејќи дека сака само да гарантира безбедност против непријателското однесување на Киев и НАТО.

Тие тензии оваа зима доведоа до богати дипломатски активности меѓу Москва и западните престолнини за ублажување на кризата.

Во четвртокот, британската министерка за надворешни работи Лиз Трас разговараше со својот колега Сергеј Лавров за руско-украинската криза и германскиот канцелар Олаф Шолц на истата тема со лидерите на Литванија, Латвија и Естонија.

Loading...