Русија воведе ограничувања за летовите на швајцарски цивилни авиони над нејзиниот воздушен простор на 28 февруари како одговор, соопшти во вторникот Руската Федерална агенција за воздушен транспорт.
Швајцарскиот федерален совет во понеделникот објави дека го затворил својот воздушен простор за руски летови, со исклучок на оние кои патуваат од хуманитарни, медицински или дипломатски причини.
– Вчера, во согласност со меѓународното право, како одговор на швајцарската забрана за летови на цивилни авиони управувани од руски авиокомпании и/или регистрирани во Русија, беше наметнато ограничување за летови на цивилни авиони кои управуваат и/или регистрирани во Швајцарија – се наведува во соопштението на Росавијација.