Русија го предаде „Искандер“на Белорусија

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“, кој може да користи и конвенционални и нуклеарни ракети, е предаден на вооружените сили на Белорусија.

Loading...

Според Шојгу, на 3 април на едно од руските полигони започна обуката на белоруските тимови за тоа како да се користи „Искандер“ за заштита на Федералната држава Русија и Белорусија, пренесува Интерфакс.

Шојгу на колегиумот на руското Министерство за одбрана истакна дека дел од воената авијација на Белорусија сега може да носи нуклеарно оружје.

„Некои од белоруските напаѓачки авиони добија можност да гаѓаат непријателски цели со нуклеарно оружје“, рече Шојгу, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Путин се пресметува со ЛГБТ популацијата?

Тој нагласи дека ова е одговор на зголемувањето на борбената готовност на силите на НАТО и интензивирањето на разузнавачките активности на Алијансата во близина на границите на Русија и Белорусија, пренесува Танјуг.