Нови експлозии во Киев, по трите што утрово одекнаа во централниот дел на градот. Има мртви и повредени.
Според последните информации, загинале осум лица, а повеќе од десетина луѓе се повредени.
Сепак, се стравува дека бројката не е конечна, бидејќи главниот град на Украина сѐ уште се гранатира.
Just minutes from my home. Just 20 minutes ago. What is #Russia trying to hit? The national university? The park? Or the playground? pic.twitter.com/311EHalGH6
— Lesia Vasylenko (@lesiavasylenko) October 10, 2022
Од минута во минута стигнуваат информации од теренот. Според едna од нив, метрото во Киев е затворено.
Градоначалникот на Киев вели дека „критичната инфраструктура“ е погодена во главниот град на Украина.
„Неколку удари во критична градска инфраструктура“, рече Кличко. „Има жртви. Сите служби на терен работат.
На Твитер беше објавено и дека е погодена термоцентралата во Киев.
#Kyiv #RussiaIsATerroristState #RussianWarCrimes https://t.co/lPaCXfvN5y
— Filicophyta ꑭ 🇺🇦 (@Onocleaceae) October 10, 2022
Исто така, прогласена е воздушна тревога низ цела Украина.
Да потсетиме, рано утринава градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм напиша дека се слушнале неколку експлозии во областа Шевченск, пренесува Интерфакс Украина.
Ројтерс, повикувајќи се на сведок, објави дека над зградите се издига облак од црн чад.
Cars burning in the streets of #Kyiv after Russia struck the Ukrainian capital city for the first time in months
Russian strikes were also reported in Zaporizhzhia and Dnipro pic.twitter.com/oDJ2Si2aA2
— OPSEC? (@GuinieZoo_Intel) October 10, 2022
Новинарите од странските агенции, пак, јавуваат дека три експлозии одекнале во центарот на Киев.
Како што наведуваат, детонациите се слушнале околу 08:15 часот по локално време (7:17 часот по средноевропско време), пренесува Франс прес.
Dead and wounded among #Kyiv residents a result of morning missile attacks, – Svitlana Vodolaga, spokeswoman for the State Emergency Service#UkraineRussiaWar #Ukraine pic.twitter.com/pMcvstqMoE
— Rahul Upadhyay (@rajrahulnews) October 10, 2022
Новинарите на АП кои ги слушнаа детонациите рекоа дека изгледало како да се предизвикани од ракетни напади.
Сирените за воздушен напад се огласија неколку десетици минути пред детонациите.
Според засега непотврдени информации, кои ги објавија новинарите, повикувајќи се на итната помош, има загинати.
RAW: Multiple blasts have hit the central Kyiv district of Shevchenkivskyi, after months of relative calm in the capital. pic.twitter.com/PIB9VDfPee
— DW News (@dwnews) October 10, 2022