Московскиот суд ја казни американската компанија „Гугл“ со 7,2 милијарди рубљи (98,4 милиони долари) поради системско неотстранување на забранети информации.
Loading...
„Гугл ЛЛЦ е одговорен за административната повреда наведена во став 5 од член 13.41, според одлуката на судот во областа Тагански во Москва“, се вели во соопштението на судот, а пренесува руската агенција ТАСС.
Се додава дека е изречена административна парична казна во износ од 7.221.916.235 рубли (98,4 милиони долари).