Русија го казни Фејсбук со 3.000 рубљи, што е околу 47 долари, поради непочитување на контроверзниот закон за чување податоци на корисниците во земјата.
Во декември минатата година, руската Сојузна служба за надзор во областа на телекомуниакциите, информациските технологии и масовни комуникации Роскомнадзор, испратила известување до Твитер и Фејсбук барајќи од нив да пружат информации за локација на серверот кој чува лични податоци на руските граѓаните.
Во надлежноста на Роскомнадзор е огромна црна листа на сајтови забренети во Русија.
Иако споменатите компании имале рок од месец дека да одговорат, одлучиле да не ги откријат овие информации, поради што московскиот Тагански окружен суд најпрвин го казнил Твитер со 3.000 рубљи, а во петок минатата недела и Фејсбук.
Паричната каза е минимална казна со која руските судови можат да ги казнат компаниите поради кршење на членот 19.7 од Административниот закон на Руската федерација, која се однесува на непружање информации. Максималниот износ на парична казна по овој член е 5.000 рубљи.
Во јули 2014 година, Русија ги одобри амандманите на рускиот Закон за лични податоци кој стапи на сила на 1 септември 2015 година, според кој странските технолошки компании мора да чуваат лични податоци на руските граѓани во внатрешноста на земјата.
Иако казната која им е изречена на Фејсбук и Твитер изгледа смешно, понатамошното одбивање да се почитува законот може да резултира со многу посериозни санкции. Русија може да ги забрани сајтовите на овие социјални мрежи, како што го забрани Линкдин кон крајот на 2016 година.
Русија сепак не е прва земја која спроведува таков закон за странските технолошки компании. Во мај 2016 година Иран усвои нови прописи за сите странски апликации за размена на пораки и социјални мрежи кои ги обврзуваат сервисите „податоците и активностите“ на граѓаните на Иран да се префрлат на сервери во Иран во рок од година дена.
Кина усвои слични амандмани кон крајот на 2016 година, кои ги принудиле „критичните оператори на информациската инфраструктура“ да ги чуваат податоците на нејзините граѓани во границите на државата.