Русија го изврши најмасовниот напад врз Украина досега

Сподели со своите пријатели

Во средата Русија гранатираше 118 украински населби, што беше најмасовниот напад врз Украина оваа година, објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Loading...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност и дека другите кризи нема да го одвлечат вниманието на Европа од Украина.

„Нашата поддршка продолжува се додека е потребно“, напиша Борељ на социјалната мрежа Х.

Војната со дронови продолжи. Во напад на руски дрон опожарена е рафинеријата за нафта во Кременчук во централна Украина, поради што во три села е прекинато снабдувањето со електрична енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претходната американска помош нема да биде дел од договорот за минерали, тврди украинскиот премиер

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Киев трпи порази и покрај тоа што НАТО го снабдува со нови видови оружје.

Шојгу рече дека групата руски војници продолжува да спроведува активна одбрана и ефективно да нанесува штета на непријателот.

Јужнокорејската разузнавачка служба се сомнева дека Северна Кореја и испорачала на Русија повеќе од милион артилериски проектили и друго оружје во околу 10 пратки од почетокот на август.