Русија го известила Израел дека знае каде се наоѓа украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија утринава израелските медиуми, пренесува Анадолија.
Израелскиот Канал 12, повикувајќи се на неименувани израелски официјални лица, објави дека Русите им кажале на неколку земји дека не сакаат да му наштетат на украинскиот лидер, туку да го одржат во живот и да го уапсат.
Одржале состанок
Украинските власти не го коментираа извештајот.
Во неделата, израелскиот премиер Нафтали Бенет се состана со рускиот претседател Владимир Путин во Москва и германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин во обид да посредува за прекин на огнот во Украина.
Голем број земји, вклучително и Турција, исто така понудија да посредуваат меѓу Русија и Украина за да се стави крај на руската војна против Украина, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со Путин во неделата.
Третата рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија би требало да се одржи денеска
Војната на Русија против Украина ја налути меѓународната заедница, а Европската унија, Велика Британија и САД, меѓу другите, воведоа економски санкции кон Москва.
Убиени цивили
Најмалку 364 цивили се убиени и 759 ранети во Украина откако Русија започна војна против оваа источноевропска земја на 24 февруари, според ОН, со стравувања дека реалниот број ќе биде поголем.
Повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји, соопшти агенцијата за бегалци на ОН, пишува Анадолија.