Русија го бомбардираше Херсон, има загинати

Сподели со своите пријатели

Една жена е убиена, а две се повредени во напад на руската армија врз регионот Херсон на југот на Украина, објавија денес тамошните власти.

Според прелиминарните истраги, руската армија го бомбардирала градот Херсон утрово околу 2:45 часот, соопшти украински портпарол на Фејсбук.

Обвинителството објави покренување истрага за наводното воено злосторство поради најновиот напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девојче го запре Путин и го молеше да го спаси нејзиниот ранет вујко од фронтот. Неговата реакција беше „кисела“ (ВИДЕО)