Замрзнати се банкарските сметки на финските дипломатски претставништва во Русија, соопшти Министерството за надворешни работи на Финска.
„Министерството за надворешни работи потврдува дека сметките на претставништвата на Финска во Русија се замрзнати и не можат да се користат. Ситуацијата е сериозна, работата се истражува“, се вели во коментар на Министерството за надворешни работи за најголемиот фински весник Хелсингин саномат.
Покрај Амбасадата на Финска во Москва, во Санкт Петербург е активен и Генералниот конзулат на Финска.
Како што беше соопштено на 1 април, канцеларијата за наплата на долгови на финската банка Нордеа ги блокирала сметките на рускиот центар за наука и култура во Хелсинки.
Руската амбасада во Финска е во контакт со финските власти и работи на можни начини за поддршка на работата на рускиот центар во Хелсинки.