Русија ќе ги укине рестриктивните мерки за коронавирусот при влез во земјата по копно, за првпат откако беа воведени антипандемиските мерки во март 2020 година, соопшти денеска рускиот кризен штаб.
Loading...
„По расправата на кризниот штаб донесена е одлука за укинување на привремените рестриктивни мерки за преминување на државната граница на Руската Федерација, почнувајќи од 15 јули“, се наведува во соопштението.
Поради подобрената епидемиска состојба, на 14 јуни беше донесена одлука за укинување на рестриктивните мерки за странски државјани кои влегуваат во Русија по воздушен и морски пат, иако останаа одреден број рестриктивни мерки за влез на копно, јави Танјуг.