Русија покрена тужби против „Фејсбук“, „Гугл“, „Телеграм“ и „Твитер“ за неуспехот да се отстрани содржината што се смета за незаконска.
Кремљ верува дека со контролирање и ограничување на влијанието на социјалните мрежи и технолошките гиганти, може да спречи мешање на странците во внатрешните работи на Русија.
Во последните месеци руската влада презеде чекори за ограничување на социјалните медиуми и технолошките компании, воведувајќи казни за кои Кремљ тврди дека се неопходни за руската држава да ги заштити своите интереси.
Русија го казни Твитер со мерка на забавување поради неподготвеноста на американската социјална мрежа да ги отстрани забранетите информации, како дел од пошироката кампања за ограничување на западните интернет-корпорации.
Телеграма исто така се соочува со обвиненија и парична казна до 16 милиони рубљи.
Пред неколку месеци, Руската федерална служба за надзор во областа на телекомуникациите, информатичките технологии и масовните комуникации, Роскомнадзор, му се закани на Гугл со санкции доколку компанијата веднаш не ги отстрани сите содржини што беа обележани како нелегални.
Гугл беше казнет со 12 милиони рубљи (166.210 долари) за небришење на таквата содржина, вклучително и содржина од Јутуб.
Судот во Москва го казни Гугл за 12 видеа кои наводно ги охрабрувале малолетниците да се приклучат на јануарските протести за поддршка на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.
Според Роскомнадзор, повторените повреди може да доведат до парична казна од 10% од годишниот приход на компанијата.
Роскомнадзор истакна дека не планира да ја намали брзината на веб-страниците и услугите на Гугл или Фејсбук, како што стори со Твитер, но предупреди дека во иднина може да прибегне кон уште подрастични потези доколку е потребно.
Фејсбук, Гугл, Телеграм и Твитер одбија да ги коментираат обвинувањата.