Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика другите земји да го следат примерот на Русија и да ја признаат независноста на отцепените републики во источна Украина.
Loading...
„Признавањето на народните републики Доњецк и Луганск е неопходна и единствена можна одлука“ во сегашните услови, се вели во соопштението на руското Министерство.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на проруските сепаратистички територии во источна Украина и со нив потпиша „договори за пријателство и взаемна помош“.