Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика Ерменија и Азербејџан да го почитуваат договорот за прекин на огнот од 2020 година, изразувајќи „сериозна загриженост“ поради ескалацијата на тензиите околу спорниот регион Нагорно-Карабах во текот на викендот.
Кремљ објави дека нема алтернатива за договорот, пренесе Ројтерс.
Во неделата, Азербејџан постави контролен пункт на почетокот на коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува Ерменија со Нагорно-Карабах, во она што Ерменија го опиша како „грубо прекршување“ на прекинот на огнот постигнат со посредство на Москва меѓу двете страни.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија работи на преговори меѓу Баку и Ереван за коридорот Лачин, пренесува Танјуг.