Рускиот телекомуникациски регулатор обвини десет локални медиуми за погрешно прикажување на она што Москва го нарекува специјална воена операција во Украина.
Тие се обвинети и за ширење лажни информации за настани на терен.
Регулаторот Роскомнадзор им нареди на голем број независни медиуми, вклучително и ТВ каналот Дожд и популарното радио „Ехото на Москва“, да ги избришат навредливите информации или да се соочат со ограничувања за пристап до неговите веб-страници и медиумски извори.
Тие ги повикаа да ги отстранат извештаите во кои акцијата на Русија се нарекува „напад, инвазија или објава на војна“.
На мета е и Новаја газета, весник кој критички пишува за руската влада, а чиј главен уредник Дмитри Муратов минатата година ја доби Нобеловата награда за мир, пишува Ројтерс.

