Русија добива своја верзија на Starlink до 2027 година

Loading...
Сподели со своите пријатели

Русија за три години би можела да добие сопствена верзија на сателитски интернет Starlink, пренесува Ведомости, повикувајќи се на изјавата на генералниот директор на групацијата на компании Јадро, Алексеј Шелобков.

Компанијата за истражување на вселената Bureau 1440 планира до 2027 година да лансира 250 сателити во орбитата, што ќе биде доволно за основна интернет покриеност, а до 2030 година компанијата ќе лансира 700 сателити.

Овој сателитски интернет првично ќе биде достапен за 1,5 до два милиони граѓани на Русија и за најмногу 12 милиони корисници во светот, а бројот на сателити ќе расте пропорционално на бројот на претплатници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците нападнаа руски град на 1.300 километри од нивната граница (ВИДЕО)

Компанијата на милијардерот Илон Маск SpaceX започна со лансирање на сателити Starlink во 2019 година, а денес во орбитата има 4.500 сателити на таа компанија, пренесува Комерсант.

Сателитите Starlink не се достапни во Русија.