Русија ќе преземе мерки за делумно ограничување на пристапот до Фејсбук од 25 февруари, објави Роскомнадзор, пренесува РИА Новости.
Роскомнадзор додава дека Јавното обвинителство, во координација со Министерството за надворешни работи, ја препознало оваа социјална мрежа „како вмешана во кршење на правата и слободите на граѓаните на земјата“.
Ден претходно, Фејсбук воведе ограничувања на страницата на РИА Новости.
Освен тоа, според Роскомнадзор, биле цензурирани материјалите на четири руски медиуми – Звезда, РИА Новости, Лента.ру и Газета.ру.
Исто така, Генералното обвинителство на Руската Федерација потврди дека Фејсбук ги „нарушил правата и слободите на руските граѓани“, цитира РИА Новости.
– Оваа компанија незаконски ја ограничи дистрибуцијата на јавно важни информации во врска со воведувањето санкции – се наведува во дописот на Основното обвинителство.