Руските обвинители побараа од судот, Мета, сопственикот на Фејсбук и Инстаграм, да се означи како екстремистичка организација, пренесува Интерфакс.
Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор исто така е повикан да го ограничи пристапот до Инстаграм, пренесува Ројтерс.
Како дронот се урна во Хрватска и зошто радарите на НАТО не го регистрирале?
Претходно денеска беше објавено дека Мета ќе им дозволи на корисниците во некои земји да повикуваат на насилство против рускиот претседател Владимир Путин и армијата на земјата.
Мета вели дека привремено дозволила некој насилен говор, како што е „смрт за руските напаѓачи“, што вообичаено би ги прекршило нејзините правила.
Сепак, се вели дека нема да дозволи повици за насилство врз руски цивили, пренесе Би-Би-Си.
Најмалку четворица украински војници загинаа во воздухопловната база Луцк
Соопштението дојде откако новинската агенција Ројтерс објави дека видела интерни мејлови во кои се наведува промена на политиката.
Новинската агенција ТАСС објави дека истражителите во Русија отвориле случај во врска со дејствијата на Мета, според Ројтерс.