Русија ѝ понуди на Украина најголема размена на затвореници

Сподели со своите пријатели

Руската и украинската армија разговараат за „голема размена“ на воени заробеници, но се уште не е постигнат договор, изјави комесарот за човекови права во Русија, Татјана Москалкова.

Loading...

Таа потсети дека објавила два списоци за размена – едниот за 900, другиот за 630 лица, кои би можеле да ѝ бидат дадени на украинската страна.

– Би очекувале ист број воени заробеници од Украина. Армијата преговара за тоа – објасни Москалкова на прес-конференцијата, пренесе Комерсант.

Последен пат Русија и Украина разменија заробеници во средината на октомври, а посредник, како и досега, беа Обединетите Арапски Емирати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку ќе чини воената парада во Москва? Војска, авиони, трошоци за подготовка...

Во декември Москалкова изјави дека Киев ги примил телата на воените заробеници кои загинаа во падот на авионот Ил-76 во јануари. Таа ги нарече преговорите за размена на затвореници „многу тешки“.

На 11 декември, рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со унгарскиот премиер Виктор Орбан и предложи Русија и Украина да извршат голема размена на затвореници и да прогласат привремен прекин на огнот.

Според Орбан, Москва се согласила на размена на затвореници за Божиќ, што Киев го одбива.