Храбри планинари од Русија станаа хит на социјалните мрежи откако јадеа колбаси печени на лава од вулкан.
Тие се искачија на вулканот Кључевскаја Сопка, кој се наоѓа во Камчатка.
Локалното население, патем, го смета овој вулкан за свето место, а ерупциите се случуваат скоро секоја година.
Додека планинарите се искачувале, лавата станувала студена, но на некои места сè уште била жешка.
Тие дури стигнале до самиот раб на кратерот за да видат што има директно во отворот.
Кога огладнеле, следуваше најинтересниот дел – планинарите печеа колбаси на лава и сето тоа го објавија на интернет.
Now, this is awesome: a group of Russian hikers climbed up Klyuchevskaya Sopka, the highest active volcano in Eurasia, and cooked sausages on the cooling lava! pic.twitter.com/aID6ve73Yd
— Jonny Tickle (@jonnytickle) March 18, 2021