Румен Радев победник на претседателските избори во Бугарија

Сподели со своите пријатели

Румен Радев (58) извојува убедлива победа во вториот круг од претседателските избори во Бугарија и обезбеди втор мандат на чело на таа земја, покажаа вечерва прелиминарните резултати.

Loading...

Врз основа на 100 отсто од преброените гласови на истражувачката агенција „Алфа“, Радев добил 64,2 отсто од гласовите, наспроти конкурентот Анастас Герџиков кој добил 32,3 отсто од гласовите, објави бугарската БНТ.

На гласање излегле 34,1 отсто од гласачите, а 1,3 отсто не поддржале никого.

Радев стекна популарност кога ги поддржа големите антикорупциски протести во 2020 година против тогашниот премиер Бојко Борисов.

Герџиков, кога беше поддржан од партијата ГЕРБ на Борисов, го обвини Радев дека ги поттикнува Бугарите еден против друг, објави Ројтерс.

Тој вети дека ќе ја обедини нацијата, која е погодена од една од најлошите стапки на смртност од Ковид во Европската унија.

Радев беше поддржан од политичките ривали на Борисов – партиите ПП, Социјалистичката и Има таков народ.