Рубљата падна денеска за време на главната трговска сесија на Московската берза за повеќе од 8 отсто во однос на доларот и еврото, пренесува Тас с.
Руската валута во однос на доларот се тргуваше за 8,4 отсто, на ниво од 90 рубљи, додека во однос на еврото потона за 8,8 отсто и се менуваше за дури 101,19 рубљи за евро.
Руски војници го зазедоа Бердањск: Пристигна потврда од кабинетот на Зеленски!
Ројтерс јавува дека во тргувањето со азиската рубља таа утринава паднала во однос на доларот на најниско ниво од 119 рубљи, а подоцна благо закрепнала.
Според последните достапни податоци, на азиските берзи со руската валута се тргуваше по курс од 109 рубљи за долар, пренесува британската агенција, додавајќи дека падот на рубљата во последните денови е предизвикан од строгите санкции на Западот против Москва поради нападот врз Украина.