Државниот секретар на САД, Марко Рубио, започна официјална посета на Унгарија и денес во Будимпешта разговараше со унгарски претставници, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан.
Како што објавува Index.hu, тие разговараа за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, особено мировните процеси и енергетските односи меѓу САД и Унгарија.
Во неделата, Рубио пристигна во Унгарија од Братислава, каде што исто така беше во официјална посета.

