Рубио по средбата меѓу Путин и Трамп: Русија и САД имаат долг пат пред себе

Сподели со своите пријатели

Русија и САД имаат долг пат пред себе, но двете страни постигнаа напредок за време на самитот во Алјаска, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Анкориџ.

Loading...

„Сè уште имаме долг пат пред себе, но постигнавме напредок“, изјави Рубио за рускиот Прв канал.

На прашањето дали резултатите од преговорите во Алјаска се поттик за мировниот процес во Украина, Рубио рече: „Се надеваме, затоа се сретнавме“.

Државниот секретар не објави кога се очекува следната средба на лидерите на Русија и САД, но изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро, според ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „1:0 за Путин“, тврди поранешен германски дипломат