Рубио: Ако не можеме да ги користиме базите, зошто сме во НАТО?

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД „ќе мора да ги преиспитаат“ своите односи со НАТО по завршувањето на војната против Иран.

– Мислам дека нема сомнеж, за жал, дека по завршувањето на овој конфликт ќе мораме да го преиспитаме тој однос. Ќе мора да ја преоцениме вредноста на НАТО во тој сојуз за нашата земја – му рекол Рубио на водителот Шон Ханити на Фокс њуз.

Тој додаде дека „на крајот“ тоа ќе биде одлука донесена од претседателот Доналд Трамп.

Шефот на американската дипломатија рече дека бил „еден од најсилните бранители на НАТО“ додека бил во Сенатот на САД бидејќи „нашол голема вредност во тоа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нема основа за преговори со САД, повтори иранскиот министер за надворешни работи

– Голем дел од таа вредност имаа воени бази во Европа, што и овозможи на американската армија да ја проектира својата моќ во различни делови на светот – рече Рубио.

– Ако сега дојдовме до точката НАТО алијансата да значи дека не можеме да ги користиме тие бази, дека всушност веќе не можеме да ги користиме тие бази за да ги браниме американските интереси, тогаш НАТО е еднонасочна улица – додаде тој.

Рубио отиде понатаму, велејќи дека иако Вашингтон не бара од сојузниците на НАТО да извршат воздушни напади како дел од војната против Иран, „кога ни треба да ни дозволат да ги користиме нивните воени бази, нивниот одговор е „Не?“ Тогаш зошто сме во НАТО? Треба да го поставите тоа прашање“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трет напад за помалку од една недела: Хутите истрелаа балистички ракети кон Израел

Неговите коментари доаѓаат откако неколку европски земји ја ограничија американската војска да користи бази на нивна територија.

Во вторникот беше откриено дека Италија одбила дозвола на американскиот авион да слета додека бил на пат кон Блискиот Исток за борбена мисија.

И во понеделникот Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои извршуваат мисии против Иран, пренесува АФП.