Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека ЕУ мора да ги забрза пристапните преговори со земјите од Западен Балкан, бидејќи во спротивно други земји, како Русија и Кина, ќе го искористат овој момент и ќе го пополнат вакуумот, пренесува „Albanian Daily News“.
– Нашите пријатели од Западен Балкан предолго чекаат. Мора да ги забрзаме преговорите, бидејќи ако ЕУ не е видлива, активна и доволно гласна, авторитарните режими ќе го пополнат вакуумот, како Русија, Кина или Турција. И тоа апсолутно не е во германски или европски интерес – изјави Рот.
Зеленски: Путин ќе ги таргетира другите европски земји, сите сте цел
Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, Рот рече дека војната во Украина е голема трагедија и дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за да се постигне мир и стабилност во целиот регион.
– Тоа не значи само во Источна Европа, туку и во Западен Балкан. Ова е обврска за нас. И ако испратиме покана до Украина, тоа не значи дека повеќе не сме заинтересирани за продолжување на односите со Албанија и другите земји од Западен Балкан – изјави Рот по средбата со албанската делегација, додавајќи дека е време да се започнат преговори со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро.